Стар Завет

Нов Завет

Рут 1:8-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. Тогаш Ноемина им рече на своите две снаи: „Вратете се секоја во домот на својата мајка! Господ нека ви биде милостив како што бевте вие кон покојниците и кон мене!

9. Господ нека ви додели двете да најдете мир, секоја во домот на својот маж!” И ги пољуби, а тие се расплакаа гласно.

10. И и рекоа: „Не! Ние ќе дојдеме со тебе, при твојот народ.”

11. Но Ноемина им рече: „Вратете се назад, ќерки мои! Зошто би сте иделе со мене? Зар ќе имам уште синови во својата утроба, кои би ви биле мажи?

12. Вратете се назад, ќерки мои, само одете! Премногу сум стара, не сум за мажење, па и кога би рекла: ‘Имам надеж да се омажам уште ноќеска и да родам синови’ -

13. зар би сте могле да чекате да пораснат, и зар би сте останале немажени заради нив? Не, ќерки мои, мојата тага би била поголема од вашата, зашто Господовата рака се крена на мене.”

14. Тие пак заридаа и Орфа ја пољуби својата свекрва и се врати, а Рута остана со неа.

15. Ноемина и рече: „Ете, гледаш, твојата јатрва се врати при својот народ и при својот бог; врати се и ти по својата јатрва!”

16. А Рута и одговори: „Не ме принудувај да те оставам и да си отидам од тебе: зашто каде одиш ти, ќе одам и јас, и каде ќе живееш ти, ќе живеам и јас; твојот народ ќе биде мој народ, и твојот Бог - мој Бог.

Прочитајте целосна глава Рут 1