Стар Завет

Нов Завет

Псалми 78:66-72 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

66. Ги удри Своите непријатели, ги одби назад, им зададе вечен срам.

67. Тој го отфрли Јосифовиот шатор и не го избра Ефремовото племе,

68. туку го избра Јудиното племе и гората Сион, што му замиле.

69. Изгради Светилиште високо како небото, го утврди довека како земјата.

70. Го избра Својот слуга Давид, го зеде од кошарите на овците;

71. го одведе од овците доилки, за да го пасе Јакова, Неговиот народ, и Израел, Неговото наследство.

72. И ги пасеше со честито срце и ги водеше со грижливи раце.

Прочитајте целосна глава Псалми 78