Стар Завет

Нов Завет

Проповедник 9:15-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. Но во него се најде мудар сиромав, кој го спаси градот со својата мудрост, а после никој не си спомнуваше за тој човек.

16. Сепак јас велам: подобра е мудроста отколку јачината, но не се цени мудроста на сиромавиот и не се слушаат неговите зборови.

17. Тивките благи зборови на мудрецот се слушаат подобро отколку викотницата на заповедникот над глупците.

18. Мудроста вреди повеќе отколку военото оружје, но еден единствен грешник расипува многу добри нешта.

Прочитајте целосна глава Проповедник 9