Стар Завет

Нов Завет

П.надпесн. 5:1-3 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Дојдов во мојата градина, сестро моја, невесто, ги берам мојата смирна и моите мириси, ги јадам мојот мед и моите саќи, ги пијам моето вино и моето млеко. Јадете, пријатели, пијте и наситувајте се, возљубени мои!

2. Јас спијам, но моето срце бдее. Одненадеж глас! Мојот возљубен ми потчукнува: „Отвори ми, сестро моја, возљубена моја; гулабице моја, совршена моја; зашто главата ми е полна со роса, а косата со ноќна влага.”

3. „Ја соблеков мојата облека, како да ја облечам? Ги измив нозете, како да ги извалкам пак?”

Прочитајте целосна глава П.надпесн. 5