Стар Завет

Нов Завет

П.еремиин 3:5-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. Ми направи јарем, главата ми ја опточи со тешкотии.

6. Ме остави да живеам во темнини, како одамна умрените.

7. Ме соѕида, и јас не можам да излезам, ми ги стежна моите окови.

8. Кога викав и молев за помош, ја одбиваше мојата молитва.

9. Ми ги соѕида патиштата со делкан камен, ми ги затрупа моите патишта.

10. За мене Тој беше мечка која дебне, лав во заседа.

11. Ме водеше во непроодни патишта, ме раскинуваше, ме оставаше да умирам.

12. Го оптегнуваше Својот лак и ме гаѓаше како цел за своите стрелички.

13. Во слабините ми ги закачи стреличките, синовите на својот тул.

14. Станав смешен за својот народ, секојдневна нивна песна.

15. Ме хранеше со горчина, ме напојуваше со пелин.

16. Ме оставаше да ги кршам забите гризејќи камен, ме закопуваше во пепел.

17. И го одзеде мирот на мојата душа, и ги заборавив добрите работи.

18. Реков: дотраја мојата сила и надежта, која ми доаѓа од Господа.

19. Спомни си за мојата беда и страдањата, за пелинот и за отровот!

20. Непрекратно мисли на тоа и се суши душата во мене.

21. Тоа го носам во срцето и затоа се надевам.

22. Заради Господовите добрини не сме уништени, Неговите милости никогаш не престануваат.

Прочитајте целосна глава П.еремиин 3