Стар Завет

Нов Завет

Осија 5:6-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Ќе оди со овците и со говедата да Го бара Господа и нема да го најде - се оддалечи од нив!

7. Го изневерија Господа: родија копилиња, вжарен ветер ќе ги проголта нивните полиња.

8. Засвирете во рог во Гаваја, во труба во Рама, узбунете го Вет Авен: после тебе, Венијамине!

9. Ќе го запустее Ефрема до денот на казната; меѓу Израелевите племиња Јас известив за тоа.

10. Јудејските кнезови станаа како оние што ги преместуваат меѓите; врз нив ќе го излеам како вода Својот гнев.

11. Ефрем е угнетувач, тој ја гази правдата, зашто му се допадна да оди по ништожество.

12. А јас ќе му бидам на Ефрема како молец, како гнилеж на Јудината куќа.

Прочитајте целосна глава Осија 5