поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14

Стар Завет

Нов Завет

Осија 5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Чујте го ова, свештеници, внимавај Израелев дому, царев дому, де послушај, зашто судот е ваш! Вие бевте примка во Миспа и оптегната мрежа во Тавор.

2. Длабока јама ископаа престапниците, но ќе ги казнам сите.

3. Јас го познавам Ефрема не ми е скриен Израел: да, Ефрем, му се предаде на блудството, се оскверни Израелу.

4. Не им даваат нивните дела да Му се вратат на Својот Бог, зашто духот на блудството е меѓу нив; тие не го познаваат Господа.

5. Гордоста на Израел сведочи против него; и Израел и Ефрем ќе паднат од своето беззаконие, и Јуда ќе падне со нив.

6. Ќе оди со овците и со говедата да Го бара Господа и нема да го најде - се оддалечи од нив!

7. Го изневерија Господа: родија копилиња, вжарен ветер ќе ги проголта нивните полиња.

8. Засвирете во рог во Гаваја, во труба во Рама, узбунете го Вет Авен: после тебе, Венијамине!

9. Ќе го запустее Ефрема до денот на казната; меѓу Израелевите племиња Јас известив за тоа.

10. Јудејските кнезови станаа како оние што ги преместуваат меѓите; врз нив ќе го излеам како вода Својот гнев.

11. Ефрем е угнетувач, тој ја гази правдата, зашто му се допадна да оди по ништожество.

12. А јас ќе му бидам на Ефрема како молец, како гнилеж на Јудината куќа.

13. Тогаш Ефрем ја виде својата болест, а Јуда својата рана; и Ефрем тргна во Асирија, Јуда му се обрати на царот Јареб; но тој нема да ве исцели, ниту ќе ви ја залечи вашата рана.

14. Зашто како лав ќе му бидам на Ефрема, како лавче на Јудиниот дом; Јас, Јас ќе раскинам и ќе си отидам, ќе однесам и никој не ќе спаси.

15. Ќе тргнам и ќе се вратам на Моето место, додека не ја признаат вината и додека не го побараат Моето лице; во својата тага тие ќе ме бараат од рано утро: