Стар Завет

Нов Завет

Осија 12:1-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Ефрем се храни со ветер, трча по источниот ветер, цел ден, се повеќе се неговите лаги и насилства. Склучуваат сојуз со Асирија, носат масло во Египет.

2. Господ има парница со Израел, ќе го казни Јакова според постапките, ќе му врати според неговите дела.

3. Уште во мајчината утроба го истисна братот, во машката сила се бореше со Бога.

4. Се бореше со Ангел и го надвладеа, плачеше и го молеше. Го најде во Ветил и таму Бог зборуваше со него,

5. да, Господ, Бог над Воинствата, Господ е Неговото име.

6. И така, врати Му се ти на својот Бог, чувај ги љубовта и справедливоста и надевај се секогаш во својот Бог!

Прочитајте целосна глава Осија 12