поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14

Стар Завет

Нов Завет

Осија 12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Ефрем се храни со ветер, трча по источниот ветер, цел ден, се повеќе се неговите лаги и насилства. Склучуваат сојуз со Асирија, носат масло во Египет.

2. Господ има парница со Израел, ќе го казни Јакова според постапките, ќе му врати според неговите дела.

3. Уште во мајчината утроба го истисна братот, во машката сила се бореше со Бога.

4. Се бореше со Ангел и го надвладеа, плачеше и го молеше. Го најде во Ветил и таму Бог зборуваше со него,

5. да, Господ, Бог над Воинствата, Господ е Неговото име.

6. И така, врати Му се ти на својот Бог, чувај ги љубовта и справедливоста и надевај се секогаш во својот Бог!

7. Во раката на Ханан е крива мерилка, тој сака да задржува.

8. И Ефрем рече: „Само се збогатив, натрупав благо.” Но од сета печалба ништо не ќе му остане, зашто згреши со беззаконија.

9. Јас Сум Господ, твој Бог, од Египетската Земја, уште ќе ти дадам да живееш под шатори, како во деновите на Средбата;

10. ќе им зборувам на пророците, ќе ги умножам виденијата и ќе ги учам преку зборовите на пророците.

11. Галад е навистина беззаконие, сама суета; во Галгал жртвуваат бикови; затоа жртвениците ќе им бидат како куп камења во полските бразди.

12. Јаков избега во Арамскиот Крај, Израел служеше за жена, за една жена чуваше стада.

13. Но преку пророк Господ го изведе Израел од Египет, и преку пророк Тој го чуваше.

14. Ефрем Го навреди прегорчливо: затоа ќе остане врз него, неговиот Господ ќе му ги врати хулите.