Стар Завет

Нов Завет

Михеј 5:8-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. А Јакововиот Остаток ќе биде меѓу бројните народи, како лав меѓу горските ѕверови, како лавче меѓу овци стада; секој пат кога поминува, тој гази со нозете, раскинува, и нема никој да се избави од него.

9. Твојата рака нека се подигне на противникот, сите Твои непријатели ќе бидат сотрени!

10. „Во оној ден - говори Господ - ќе ги истребам сите твои коњи, ќе ги уништам твоите бојни коли.

11. Ќе ја разурнам секоја населба по твојата земја, ќе ги срушам сите твои тврди градови.

12. Ќе ги сотрам баењата од твојата рака, не ќе имаш веќе врачеви.

13. Ќе ги истребам во тебе сите кипови и камени столбови. И ти веќе не ќе се поклонуваш пред делото на своите раце.

14. Ќе ги искорнам ашерите од тебе и ќе ги разурнам твоите градови.

15. Во гнев и во бес, ќе ја извршам одмаздата над народите кои не слушаа.”

Прочитајте целосна глава Михеј 5