поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7

Стар Завет

Нов Завет

Михеј 5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Собери се сега во чети, ќерко на четите! Опколени сме и опсадени сме, со палка го удираат по лицето Израелевиот Судија.

2. „А ти, Витлеему Ефрато, најмалиот меѓу Јудините кнезови, од тебе ќе ми излезе Оној Кој ќе владее со Израел; Неговото потекло е од дамнини, од вечните времиња.”

3. Затоа Господ ќе ги остави додека не роди таа која има да роди. Тогаш ќе се врати Остатокот на неговите браќа кај Израелевите деца.

4. Тој ќе се исправи, ќе го изведува на пасење своето стадо со Господова сила, со величеството на името на својот Бог. Тие ќе живеат во мир, зашто тој ќе ја распростре Својата власт сè до земните краеви.

5. Тој - Тој е мир! Ако Асирците навлезат во нашата земја, ако стапат во нашите дворци, ќе подигнеме против нив седум пастири, осум народни кнезови.

6. Асирската Земја тие ќе ја испасат со меч, Невродовата Земја со мечеви. И Тој ќе нè ослободи од Асирците ако навлезат во нашата земја, ако стапнат на наша почва.

7. И Јакововиот Остаток ќе биде меѓу бројните народи, како роса што доаѓа од Господа, како капки на дождот на тревата кој не го чека човекот ниту се колеба за човечките синови.

8. А Јакововиот Остаток ќе биде меѓу бројните народи, како лав меѓу горските ѕверови, како лавче меѓу овци стада; секој пат кога поминува, тој гази со нозете, раскинува, и нема никој да се избави од него.

9. Твојата рака нека се подигне на противникот, сите Твои непријатели ќе бидат сотрени!

10. „Во оној ден - говори Господ - ќе ги истребам сите твои коњи, ќе ги уништам твоите бојни коли.

11. Ќе ја разурнам секоја населба по твојата земја, ќе ги срушам сите твои тврди градови.

12. Ќе ги сотрам баењата од твојата рака, не ќе имаш веќе врачеви.

13. Ќе ги истребам во тебе сите кипови и камени столбови. И ти веќе не ќе се поклонуваш пред делото на своите раце.

14. Ќе ги искорнам ашерите од тебе и ќе ги разурнам твоите градови.

15. Во гнев и во бес, ќе ја извршам одмаздата над народите кои не слушаа.”