Стар Завет

Нов Завет

Малахија 4:3-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. И ќе ги газите беззакониците како прав под нозете во Денот што го подготвувам - говори Господ над Воинствата.

4. Спомнете си за Законот на Мојсеја, Мојот слуга кому на Хорив му ги пропишав законите и уредбите за сиот Израел.

5. Еве, ќе ви го испратам пророкот Илија, пред да дојде Господовиот Ден, ден голем и страшен.

6. Тој ќе ги обрне срцата на татковците кон синовите, а срцата на синовите кон татковците, за да не дојдам и да не ја удрам земјата со проклетство.”

Прочитајте целосна глава Малахија 4