Стар Завет

Нов Завет

Јов 20:8-25 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. Тој се расплинува како сон без трага, исчезнува како ноќен привид.

9. Ниедно око нема веќе да го гледа, ниту неговото место ќе го види.

10. Бедните ќе ги гонат неговите деца: со своите раце ќе си го вратат имотот.

11. Неговите коски беа бујни со младост, ете, тие лежат во правот.

12. Злото и беше слатко на неговата уста, па го криеше под својот јазик;

13. се насладуваше внимавајќи да не го голтне, и го задржуваше под своето непце.

14. Но таа храна му гние во утробата, змиски отров станува во цревата.

15. Проголтаното богатство треба да го изблува. Бог ќе го истера од неговата утроба.

16. Цицаше отров од змиска глава: сега умира од јазикот на отровницата.

17. Тој веќе нема да гледа потоци со масло, ниту ќе види како мед и млеко течат по реката.

18. Ќе ја врати печалбата, без да вкуси од неа, нема да ужива во плодот на трговијата.

19. Зашто сиромаштијата ја тапчеше и ја угнетуваше, одземаше куќи што не ги изградил,

20. зашто немаше крај на неговото лакомство, неговите богатства нема да го избават.

21. Зашто неговата ненаситност не поштедуваше ништо, ни неговата среќа не ќе трае долго.

22. Среде изобилството ќе се најде во тешка состојба, бедата ќе се нафрли врз него со сета сила.

23. И додека го полни со храна својот желудник, Бог ќе ја пушти на него јароста на Својот гнев, ќе истури дожд врз него додека сè уште јаде.

24. Ако и му избега на железното оружје, бронзен лак ќе го прониже со стрела.

25. Ќе ја извлечеше стрелата, но таа му ги проби плеќите, а блескавиот врв стрчи од неговата жолчка, каде и да тргне, го дебнат трепети,

Прочитајте целосна глава Јов 20