Стар Завет

Нов Завет

Изреки 2:5-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. тогаш ќе го разбереш Господовиот страв и ќе го најдеш знаењето за Бога.

6. Зашто Господ дава мудрост, од Неговата уста доаѓа знаењето и разумот.

7. Тој им ја укажува Својата помош на праведните, штит им е на оние што одат непорочно.

8. Зашто Тој ги штити патиштата на правдата и го чува патот на Своите свети.

9. Тогаш ќе ги сфатиш: правдата, правосудството и верноста, а и секој добар пат.

Прочитајте целосна глава Изреки 2