Стар Завет

Нов Завет

Изреки 2:10-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Зашто мудроста ќе влезе во твоето срце и знаењето ќе ја зарадува твојата душа.

11. Расудувањето ќе те пази тебе и разумноста ќе те чува:

12. За да те избави од лош пат, од измамлив човек,

13. од оние што ги оставаат патеките на чесноста, па одат по мрачни патишта;

14. кои се веселат правејќи зло и ликуваат во изопаченоста на лошото;

15. чии патеки се криви, и кои се опаки на своите патишта.

16. За да те избави од прељубница и од туѓинка, што ласка со зборови,

Прочитајте целосна глава Изреки 2