Стар Завет

Нов Завет

Исус Навин 1:1-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. По смртта на Господовиот слуга, Мојсеј, Господ му рече на Исуса, синот Навинов, на Мојсеевиот помошник:

2. „Мојот слуга Мојсеј почина; затоа сега стани, помини преку тој Јордан, ти и сиот тој народ, во земјата што им ја давам на Израелевите синови.

3. Секое место на кое ќе стапне вашата нога ви го давам, како што му ветив на Мојсеја.

4. Од пустината и од Ливан па до Големата Река, реката Еуфрат, целата земја на Хетејците, и сè до Големото Море на сончевиот запад - сè тоа ќе биде ваше подрачје.

5. Никој не ќе одолее пред тебе во сите дни на твојот живот; јас ќе бидам со тебе како што бев со Мојсеја, и никогаш нема да те напуштам ниту ќе те оставам.

6. Биди одлучен и храбар, зашто ти ќе го воведеш овој народ за да ја прими во наследство земјата за која им се заколнав на нивните татковци дека ќе им ја дадам.

Прочитајте целосна глава Исус Навин 1