Стар Завет

Нов Завет

Ездра 3:14-24 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. Вратата на Буништето ја поправаше Малхиј, синот Рихавов, главатар на веткеримскиот округ, со своите синови: ги зацврстија крилата, клучалките и лостовите.

15. Изворската Врата ја поправаше Салум, синот Хол-Озин, главатар на миспанскиот округ: ја изгради, ја покри, ги зацврсти вратните крила, клучалките и лостовите. Тој го поправаше и ѕидот кај рибникот Силоам, кој се тегне од Царската Градина до скалилата, што слегуваат од Давидовиот Град.

16. По него поправаше Неемиј, синот Азвуков, главатар на половина ветсурски округ, сè до спроти Давидовата Гробница, и до вештачкиот Рибник и до Војницата.

17. По него поправаа левитите: Реум, синот Ваниев; а до него поправаше Асавиј, главатар на половина кеилски округ, за своето подрачје.

18. До нив поправаа нивните браќа: Вавај, синот Инададов, главатар на половина кеилски округ;

19. а до него Есер, Исусовиот син, главатар на Миспа, го поправаше вториот дел, спроти нагорницата кон Оружницата на аголот.

20. По него поправаше Варух, синот Заваев, и го поправи вториот дел, од аголот до куќната врата на големиот свештеник Елијасив.

21. По него поправаше Меримот, синот Уриев, син Акосов, вториот дел: од Елијасивовиот куќен влез до крајот на Елијасивовата куќа.

22. По нив работеа на поправките свештениците кои што живееја во околината.

23. По нив пак поправаа Венијамин и Асув, спроти своите куќи. По нив поправаше Азариј, синот Аманиев, син Масиев, спроти својата куќа.

24. По него поправаше Винуј, Инададовиот син, вториот дел - од Азариевата куќа до аголот, до ѕидниот венец.

Прочитајте целосна глава Ездра 3