поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13

Стар Завет

Нов Завет

Ездра 3 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Тогаш стана велесвештеникот Елијасив со своите браќа свештеници та ја изградија Овчата Врата. Ја осветија, и ги ставија крилата, и продолжија да градат сè до стражарницата Меја и до Ананеиловата Стражарница.

2. Покрај нив ѕидаа Ерихонците, а до нив ѕидаше Захур, Имриевиот син.

3. Асенаиновите синови ја ѕидаа Рибната Врата, ги ставија довратниците, ги зацврстија крилата, клучалките и лостовите.

4. Покрај нив поправаше Меримот, синот Уриев, син Акосов; а до него поправаше Месулам, синот Варахиев, син Месизавеилов; а до него поправаше Садок, Ваниниот син.

5. Покрај нив поправаа Текојците, ама нивните племенски главатари одбија да го спрегнат вратот во служба на својот Господ.

6. Старата Врата ја поправаа Јодај, синот Фесеев, и Месулам, Весодиевиот син. Тие ги ставија довратниците, ги зацврстија крилата, клучалките и лостовите.

7. А покрај нив обновуваа Гаваонецот Мелатиј и Меронотецот Јадон, и луѓето од Гаваон и Миспа, подложници на управителот од онаа страна на Реката.

8. А до нив поправаше Узил, Арахевиот син, златар, а до него поправаше Ананиј, еден од билјарите; тие го утврдија Ерусалим сè до Широкиот Ѕид.

9. До нив поправаше Рефај, Оровиот син, главатар на половина ерусалимски округ.

10. А до него поправаше Едај, Арумафовиот син, пред својата куќа; а до него поправаше Хатус, Асаниевиот син.

11. Малхиј, синот Харимов, и Асув, синот Фат-Моавов, поправаа сè до Пекќината Стражарница.

12. А до нив поправаше Салум, синот Лоисов, главатар на половина ерусалимски округ, тој и неговите ќерки.

13. Долинската Врата ја поправаа Анун и жителите на Заноја: ги изградија, ги зацврстија крилата, клучалките и лостовите, и поставија илјада лакти ѕид до Вратата на Буништето.

14. Вратата на Буништето ја поправаше Малхиј, синот Рихавов, главатар на веткеримскиот округ, со своите синови: ги зацврстија крилата, клучалките и лостовите.

15. Изворската Врата ја поправаше Салум, синот Хол-Озин, главатар на миспанскиот округ: ја изгради, ја покри, ги зацврсти вратните крила, клучалките и лостовите. Тој го поправаше и ѕидот кај рибникот Силоам, кој се тегне од Царската Градина до скалилата, што слегуваат од Давидовиот Град.

16. По него поправаше Неемиј, синот Азвуков, главатар на половина ветсурски округ, сè до спроти Давидовата Гробница, и до вештачкиот Рибник и до Војницата.

17. По него поправаа левитите: Реум, синот Ваниев; а до него поправаше Асавиј, главатар на половина кеилски округ, за своето подрачје.

18. До нив поправаа нивните браќа: Вавај, синот Инададов, главатар на половина кеилски округ;

19. а до него Есер, Исусовиот син, главатар на Миспа, го поправаше вториот дел, спроти нагорницата кон Оружницата на аголот.

20. По него поправаше Варух, синот Заваев, и го поправи вториот дел, од аголот до куќната врата на големиот свештеник Елијасив.

21. По него поправаше Меримот, синот Уриев, син Акосов, вториот дел: од Елијасивовиот куќен влез до крајот на Елијасивовата куќа.

22. По нив работеа на поправките свештениците кои што живееја во околината.

23. По нив пак поправаа Венијамин и Асув, спроти своите куќи. По нив поправаше Азариј, синот Аманиев, син Масиев, спроти својата куќа.

24. По него поправаше Винуј, Инададовиот син, вториот дел - од Азариевата куќа до аголот, до ѕидниот венец.

25. Фалал, Узаевиот син, поправаше спроти аголот и спроти стражарницата, што се издига над Горниот Царски Дворец, а се наоѓа спроти дворот на темницата. По него Федај, Фаросовиот син, поправаше

26. сè до Водната Врата, во насока кон исток, и сè до пред Воздигнатата Стражарница.

27. По нив поправаа Текојците - вториот дел спроти Воздигнатата Стражарница, сè до Офилскиот Ѕид.

28. Од Коњската Врата поправаа свештениците, секој спроти својата куќа.

29. По нив Садок, Имировиот син, поправаше спроти својата куќа. По него поправаше Семај, синот Сеханиев, чувар на Источната Врата.

30. По него Ананиј, синот Селемиин, и Анун, шестиот син Салафов, го поправаа вториот дел. По нив поправаше Месулам, синот Варахиев, спроти својата куќа.

31. По него Малхиј, златарот, поправаше сè до Нетинците и до трговците, спроти Надгледувачката Врата до Горната Дворница на ѕидниот венец,

32. а златарите и трговците поправаа меѓу Горната Дворница на ѕидниот венец до Овчата Врата.