Стар Завет

Нов Завет

Ездра 3:12-21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. А до нив поправаше Салум, синот Лоисов, главатар на половина ерусалимски округ, тој и неговите ќерки.

13. Долинската Врата ја поправаа Анун и жителите на Заноја: ги изградија, ги зацврстија крилата, клучалките и лостовите, и поставија илјада лакти ѕид до Вратата на Буништето.

14. Вратата на Буништето ја поправаше Малхиј, синот Рихавов, главатар на веткеримскиот округ, со своите синови: ги зацврстија крилата, клучалките и лостовите.

15. Изворската Врата ја поправаше Салум, синот Хол-Озин, главатар на миспанскиот округ: ја изгради, ја покри, ги зацврсти вратните крила, клучалките и лостовите. Тој го поправаше и ѕидот кај рибникот Силоам, кој се тегне од Царската Градина до скалилата, што слегуваат од Давидовиот Град.

16. По него поправаше Неемиј, синот Азвуков, главатар на половина ветсурски округ, сè до спроти Давидовата Гробница, и до вештачкиот Рибник и до Војницата.

17. По него поправаа левитите: Реум, синот Ваниев; а до него поправаше Асавиј, главатар на половина кеилски округ, за своето подрачје.

18. До нив поправаа нивните браќа: Вавај, синот Инададов, главатар на половина кеилски округ;

19. а до него Есер, Исусовиот син, главатар на Миспа, го поправаше вториот дел, спроти нагорницата кон Оружницата на аголот.

20. По него поправаше Варух, синот Заваев, и го поправи вториот дел, од аголот до куќната врата на големиот свештеник Елијасив.

21. По него поправаше Меримот, синот Уриев, син Акосов, вториот дел: од Елијасивовиот куќен влез до крајот на Елијасивовата куќа.

Прочитајте целосна глава Ездра 3