Стар Завет

Нов Завет

Естир 8:11-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. Царот им дозволи на Јудејците, по сите градови, дека можат да се состануваат да го бранат својот живот та да ја погубат, да ја истребат и да ја сотрат секоја народна или покраинска војска која би ги нападнала, не поштедувајќи ги ни децата ни жените, а им беше слободно да им ги ограбат нивните имоти;

12. сè во истиот ден во сите покраини на Ахасверовото царство: во тринаесеттиот ден на дванаесеттиот месец, односно на месецот адар.

13. Преписот на писмото, што имаше да стане закон во секоја покраина, беше објавен меѓу сите народи, за да бидат во тој ден Евреите подготвени да им се одмаздат на своите непријатели.

14. Брзоодците, коњаници на царевите нескопени коњи, тргнаа веднаш и летнаа по царевата наредба. Наредбата беше објавена и во тврдината Шуша.

15. Мардохеј излезе од кај царот облечен во царска облека од црвено сукно и од лен, со голем златен венец и со наметка од одлична ткаенина и од отворено црвено сукно. Градот Шуша воскликнуваше и се веселеше.

16. Тоа беше за Евреите ден на светлина, на веселба, на воскликнувања и на прослава.

17. Во секоја покраина, во секој град и место, до каде допре царевиот указ и закон, меѓу Евреите завладеја веселба, радост, гозба и празник и мнозина од народите на земјата станаа Евреи, зашто ги опфати страв од Евреите.

Прочитајте целосна глава Естир 8