поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22
  23. 23
  24. 24
  25. 25
  26. 26
  27. 27
  28. 28
  29. 29
  30. 30
  31. 31
  32. 32
  33. 33
  34. 34
  35. 35
  36. 36

Стар Завет

Нов Завет

Броеви (4 Moj.) 34 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Господ му рече на Мојсеја:

2. „Дај им повелба на Израелевите синови и речи им: ‘Кога ќе влезете во Ханаанската Земја, таа земја ќе ви припадне во наследство; Ханаанската Земја со нејзините граници:

3. Јужната страна ќе се тегне од пустината Син покрај Едом. Јужната граница ќе ви почнува од крајот на Соленото Море на источната страна.

4. Тогаш границата ќе ви заврти кон југ, кон Акравимската Стрмнина, и ќе продолжи преку Син. Ќе допре на југ до Кадис-Варни; потоа ќе излезе кон Хасар-Адар и ќе продолжи до Асмон.

5. Од Асмон границата ќе сврти кон Египетскиот Поток и ќе излезе на море.’

6. ‘Големото Море ќе ви биде западна граница; тоа нека ви е меѓа кон запад.’

7. ‘А ова ќе ви биде северна граница: од Големото Море повлечете линија на гората Ор;

8. тогаш повлечете линија од Ор до влезот во Емат; завршеток на границата ќе биде Седад.

9. Тогаш границата ќе се продолжи до Зифрон и ќе заврши во Хасар-Енан. Тоа ќе ви биде северна граница.’

10. ‘За своја источна граница повлечете линија од селото Хасар-Енан до Сефам.

11. Границата ќе се спушта од Сефам до Ривла, источно од Аин. Оттаму границата ќе се спушти и ќе допре до источниот брег на Хинеротското Езеро.

12. Потоа границата ќе се спушти, низ Јордан, за да заврши при Соленото Море. Тоа ќе биде ваша земја со нејзините граници наоколу.’”

13. Тогаш Мојсеј им нареди на Израелевите синови: „Тоа е земјата што со жрепка ќе ја добиете во наследство, а за која Господ нареди да ја добијат девет племиња и половината од едно племе.

14. Зашто племето на Рувимовите синови според нивните семејства; потоа племето на Гадовите синови според нивните семејства, веќе го добија нивното наследство, како што го прими своето наследство и половината од Манасиевото племе.

15. Тие две ипол племиња го примија своето наследство отаде Јордан, спроти Ерихон, на источната страна.”

16. Господ му рече на Мојсеја:

17. „Ова се имињата на луѓето, кои ќе ви ја поделат земјата: свештеникот Елеазар и Навиновиот син Исус;

18. и земи од секое племе по еден главатар за делба на земјата.

19. Ова се имињата на тие луѓе: Халев, син Ефониев, од Јудиното племе;

20. Самоил, син Амиудов, од Симеоновото племе;

21. Елидад, син Хислонов, од Венијаминовото племе;

22. кнезот Вакхир, Еглиевиот син, од Дановото племе;

23. Од Јосифовите синови: кнезот Анил, син Суфидов, од племето на Манасиевците;

24. кнезот Камуил, син Сафтанов, од племето на Ефремовците;

25. кнезот Елисафан, син Фарнаков, од племето на Завулоновците;

26. кнезот Фалтиил, син Азанов, од племето на Исахаровците;

27. кнезот Ахиуд, син Селомиев, од племето на Асировците;

28. кнезот Федаил, син Амиудов, од племето на Нефталимовците.”

29. Тоа се оние на кои Господ им наложи да им го поделат наследството на Израелевите синови во Ханаанската Земја.