поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22
  23. 23
  24. 24
  25. 25
  26. 26
  27. 27
  28. 28
  29. 29
  30. 30
  31. 31
  32. 32
  33. 33
  34. 34
  35. 35
  36. 36

Стар Завет

Нов Завет

Броеви (4 Moj.) 24 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Кога Валаам забележа дека Му е мило на Господ да го благословува Израел, не сакаше веќе да оди во потрага по знаци за баење, туку се сврти со лицето кон пустината.

2. Валаам ги подигна очите и го виде Израел зашаторен по неговите племиња. Божји Дух слезе на него,

3. и тој ја почна својата песна па рече: „Пророштво на Валаам, син Веоров, пророштво на човек со прониклив поглед;

4. пророштво на оној, кој ги слуша Божјите слова, кој го виде видението на Сèмоќниот, кој паѓа како во сон, а очите му се отвораат:

5. Колку ти се прекрасни шаторите, Јакове, и твоите живеалишта Израеле!

6. Како долини што се тегнат, Како градини покрај речниот брег; како мирисливи дрва, посадени од Господа, како кедри покрај водите!

7. Вода ќе се излее од неговото ведро и неговото семе ќе биде во силни води. Неговиот цар ќе го надвиши Агаг, неговото царство се воздига.

8. Бог го изведе од Египет, тој му е нему како биволски рогови; тој ги проголтува непријателските народи,тој ги дроби нивните коски.

9. Се собра, прилегна како лав и како лавица, кој смее да го разбуди? Благословен да е кој те благословува, проклет да е кој те проколнува!”

10. И Валак пламна со гнев на Валаама и плесна со своите раце. „Те повикав да ги проколнеш моите непријатели - му рече Валак на Валаама - а, ете, ти ги благословуваш веќе по трет пат!

11. Оди си веднаш во својот крај. Си реков ќе те почестам достојно! А, ете, Господ те лиши од почитувањето.”

12. Тогаш Валаам му одговори на Валака: „Зар не им реков на твоите посланици, кои ги испрати при мене:

13. ‘Да ми ја даде Валак својата куќа полна со сребро и злато, не можам да ја престапам Господовата повелба и да направам по своја волја било добро или зло: она што ќе го каже Господ, и јас ќе го речам тоа.’

14. А сега, ете, кога си одам при својот народ, дојди, да ти откријам што ќе му направи овој народ на твојот народ во иднина!”

15. И ја почна својата беседа и рече: „Пророштво на Валаам, син Веоров, пророштво на човек со прониклив поглед,

16. пророштво на оној, кој ги слуша Господовите зборови. Кој ја познава мудроста на Сèвишниот, кој ги виде виденијата на Сèсилниот, кој паѓа како во сон, а очите му се отворуваат.

17. Го гледам, но не сега; Го набљудувам, но не од близина: Ѕвезда излегува од Јакова, Жезал се издига од Израел. Тој ги разбива управителите на Моав и ги сотира сите Ситови деца!

18. Едом ќе биде под негово владеење, а Сир земја освоена, Израел ја пројавува својата сила,

19. Јаков владее над непријателите и ги погубува преживеаните од Ир.”

20. Валаам се загледа во Амалик, па ја почна својата беседа и рече: „Амалик е првенец меѓу народите, но неговиот крај е вечна гибел.”

21. Тогаш се загледа во Кенејците, па ја почна својата беседа и рече: „Цврсто е твоето живеалиште, Кенеоне, гнездото ти е свиткано врз карпа!

22. Но гнездото му припаѓа на Веор; до кога ќе му робуваш на Асур?”

23. Пак ја почна својата беседа и рече: „Поморски народи се собираат од север!

24. А бродовите од страната на Китим, го покоруваат Асур, го покоруваат Евер; па и него ќе го стигне вечна гибел.”

25. Потоа Валаам стана и се запати назад во своето место, а Валак исто тргна по својот пат.