Стар Завет

Нов Завет

Авакум 1:7-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. Тој е страшен и морничав, од самиот него излегува неговиот суд и неговата власт.

8. Коњите му се побрзи од леопардите, побесни од волците навечер; јавачите му се простираат, стигаат оддалеку, налетуваат како орли, се спуштаат за да колват.

9. Сите тие ќе дојдат да насилствуват, лицата им се устремени напред како источен ветер, собират пленици како песок!

10. Тој им се потсмева на царевите, кнезовите му се за подбив, се подигрува со сите тврдини, насипува земја и ги зазема.

11. Тогаш провева како ветер и си оди, престапува и е виновен, кому сил?та му е негов бог.”

12. Не си ли Ти од дамни времиња, Господи, мој Боже, мој Светецу? Ние нема да умреме! Ти, Господи, го определи да суди, го постави, Стено моја, за да казнува.

13. Твоите очи се пречисти, за да гледаат зло. Ти не можеш да ги гледаш беззаконијата. Зашто ги гледаш вероломците, молчиш кога злочинецот го голтнува поправедниот од себе?

14. Ги правиш ли луѓето како морските риби, како лазачите, што немаат господар?

15. Тој ги лови сите на јадица, ги извлекува со мрежа, ги собира во својата рибарска мрежа, и така се радува и ликува.

16. Затоа и жртвува на својата мрежа, и пали темјан на својата рибарска мрежа, зашто му набавуваат мрсен дел, и храната му е обилна.

17. И заради тоа ќе ја испразни ли мрежата своја и ќе ги убива ли постојано народите безмилосно?

Прочитајте целосна глава Авакум 1