Стар Завет

Нов Завет

Агеј 2:5-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. По ветувањето што ви го дадов вам кога излеговте од Египет, Мојот Дух останува сред вас. Не бојте се!’

6. Зашто Господ над Војските зборува вака: „За малку, и Јас ќе ги растресам небесата и земјата, и морето и копното.

7. Ќе ги стресам сите народи, за да дојде богатството на сите народи, и ќе го наполнам со слава овој Дом - зборува Господ над Воинствата.

8. Златото е Мое, среброто е Мое - зборува Господ над Воинствата.

9. Славата на овој втор Дом ќе биде поголема отколку на првиот - слово е на Господа над Војските. И ќе му дадам мир на ова место - слово е на Господа над Војските.”

10. Во дваесет и четвртиот ден на деветтиот месец, во втората година на царот Дариј, дојде Господовото слово: преку пророкот Агеј:

11. Господ над Војските зборува вака: „Прашај ги свештениците што вели Законот и речи:

12. ‘Кога некој би носел во скутот на својата облека осветено месо, или ако би се допрел со скутот до леб, до јадење, до вино, до масло или до каква и да е храна; дали тоа ќе стане свето?’” Свештениците одговорија: „Не!”

13. Агеј праша натаму: „Кога некој, кој се онечистува допирајќи мртовец, ќе допре нешто од она, дали тоа ќе стане нечисто?” Свештениците одговорија: „Ќе биде нечисто.”

14. Тогаш Агеј рече вака: „‘Таков е и овој род, таков е овој народ пред Мене - говори Господ - такво е секое дело на нивните раце, и сè што принесуваат тука: сè е нечисто!

15. А сега, размислете во срцето од денешниот ден за напред: Пред да почне да се става камен на камен во Господовото Светилиште, какви бевте?

16. Му доаѓавте на куп од дваесет мери, а беа само десет! И доаѓавте на кацата за да зафатите педесет мери, а беа само дваесет!

17. Го удирав со суша, со пламеница и со град секое дело на вашите раце, но никој нема кај Мене - говори Господ.

18. Затоа внимавајте добро од денешниот ден за напред - од дваесет и четвртиот ден на деветтиот месец, кога почна да биде граден Господовиот Храм, внимавајте добро,

Прочитајте целосна глава Агеј 2