Стар Завет

Нов Завет

2 Летописи 5:2-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. Тогаш Соломон ги свика во Ерусалим сите Израелеви старешини, племенските кнезови и семејните главатари, за да се пренесе Ковчегот на Господовиот Завет од Давидовиот Град, односно од Сион.

3. Сите Израелеви мажи се собраа пред царот на празникот што е во седмиот месец.

4. Кога се состанаа сите Израелеви старешини, левитите го зедоа со себе Ковчегот.

5. И ги пренесоа Ковчегот и Шаторот на средбата со сиот посветен прибор што беше во Шаторот; свештениците и левитите ги пренесоа.

6. Потоа царот Соломон и сета израелска заедница што се собра кај него жртвуваа пред Ковчегот толку овци и говеда што не можеа да се избројат ни да се оценат.

7. Свештениците го донесоа Ковчегот на Господовиот Завет на неговото место, во Дебирот на Домот, односно во Светината над светините, под крилата на херувимите.

8. Херувимите имаа раширени крила над местото каде стоеше Ковчегот, и го засолнуваа Ковчегот и неговите драгови.

Прочитајте целосна глава 2 Летописи 5