Стар Завет

Нов Завет

1 Самоилова 21:10-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Потоа Давид стана и избега во оној ден далеку од Саула, и дојде кај Ахис, царот на Гат.

11. А Ахисовите дворјани му рекоа на својот цар: „Не е ли тоа Давид, царот на земјата? Тоа е оној за кого пееја, играјќи: ‘Саул порази илјади, Давид десетици илјади.’”

12. Давид се замисли за тие зборови и многу се исплаши од гатскиот цар Ахис.

13. Тогаш Давид почна да се преправа пред нив како да е умоболен и се владееше како безумник во нивните раце: тропаше по вратите и оставаше да му тече лига низ брадата.

Прочитајте целосна глава 1 Самоилова 21