Стар Завет

Нов Завет

Тит 3:1-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Напомнувај им да им се покоруваат на началствата и властите, да бидат послушни, да бидат готови за секое добро дело;

2. никого да не хулат, да не се препираат, да бидат благородни, покажувајќи секаква кротост кон сите луѓе.

3. Зашто и ние бевме некогаш неразумни, непокорни, скитници, робови на разни страсти и задоволства, живејќи во зло и завист, мразени и мразејќи се еден со друг.

4. Но кога се јавија: добрината и човекољубието на Бога, нашиот Спасител,

5. нè спаси не врз основа на праведните дела што сме ги направиле ние, туку по Својата милост, преку капењето на новораѓањето и обновувањето на Светиот Дух,

6. Кого богато Го излеа на нас преку Исуса Христа, нашиот Спасител,

Прочитајте целосна глава Тит 3