Стар Завет

Нов Завет

Римјаните 5:1-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. И така, бидејќи оправдани преку верата, имаме мир со Бога, преку нашиот Господ Исус Христос,

2. преку Кого и пристапивме со вера во оваа благодат, во која стоиме, и се фалиме во надежта на Божјата слава.

3. Но не само тоа, туку се фалиме и во неволјите, знаејќи дека неволјата раѓа трпение,

4. трпението - искуство, а искуството - надеж;

5. а надежта пак не разочарува, зашто Божјата љубов е излеана во нашите срца преку Светиот Дух, Кој ни е даден.

6. Зашто, додека уште бевме слаби, Христос умре во определено време за безбожниците.

7. За праведник одвај некој ќе умре, а за добриот можеби некој и ќе се осмели да умре.

8. Но Бог ја покажа Својата љубов кон нас со тоа, што Христос умре за нас, додека уште бевме грешници.

9. Сега, откако сме оправдани во Неговата крв, многу повеќе ќе се спасиме од гневот Божји преку Него.

Прочитајте целосна глава Римјаните 5