Стар Завет

Нов Завет

Римјаните 5:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. И така, бидејќи оправдани преку верата, имаме мир со Бога, преку нашиот Господ Исус Христос,

2. преку Кого и пристапивме со вера во оваа благодат, во која стоиме, и се фалиме во надежта на Божјата слава.

3. Но не само тоа, туку се фалиме и во неволјите, знаејќи дека неволјата раѓа трпение,

4. трпението - искуство, а искуството - надеж;

5. а надежта пак не разочарува, зашто Божјата љубов е излеана во нашите срца преку Светиот Дух, Кој ни е даден.

Прочитајте целосна глава Римјаните 5