Стар Завет

Нов Завет

Римјаните 15:23-26 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

23. Но сега, зашто веќе немам поле за работа во овие краишта и зашто копнеам веќе многу години да дојдам при вас,

24. кога ќе тргнам за Шпанија; имено, се надевам дека ќе ве видам на минување и дека вие ќе ме испратите натаму, откако најнапред ќе се наситам донекаде со вас.

25. А сега одам за Ерусалим, за да им послужам на светите,

26. зашто Македонија и Ахаја одлучија да соберат некаква заедничка помош за бедните меѓу светите во Ерусалим.

Прочитајте целосна глава Римјаните 15