Стар Завет

Нов Завет

Римјаните 10:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Браќа, желбата на моето срце и мојата молитва кон Бога за нив е: да се спасат.

2. Зашто, сведочам за нив, дека имаат ревност за Бога, но без правилно знаење.

3. Имено, не знаејќи, што е Божјата правда и сакајќи да ја воспостават својата сопствена, не и се покорија на Божјата правда.

4. Зашто Христос е свршетокот на Законот, за правда на секој, кој верува.

5. Зашто, Мојсеј пишува за праведноста, која е од Законот: „Човекот, кој ја исполнува, ќе живее од неа.”

Прочитајте целосна глава Римјаните 10