Стар Завет

Нов Завет

Лука 16:1-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. А на Своите ученици им зборуваше: „Беше еден богат човек, кој имаше настојник, кого го наклеветија пред него дека му го растура имотот.

2. И тој го повика и му рече: ‘Што слушам за тебе? Дај сметка за твоето управување! Не можеш веќе да бидеш настојник!’

3. А настојникот си рече во себеси: ‘Што да правам, зашто господарот ми го одзеде настојништвото? Да копам? Не можам! Да просам? Се срамам!

4. Знам што да направам, за да ме примат во своите домови, кога ќе бидам отстранет од управувањето.’

5. И ги повика должниците на својот господар - секого поодделно - и му рече на првиот: ‘Колку му должиш на мојот господар?’

6. А тој рече: ‘Сто мери масло.’ Му рече: ‘Земи си ја признаницата, седни веднаш и напиши - педесет!’

7. Потоа му рече на другиот: ‘А ти, колку должиш?’ Тој рече: ‘Сто мери пченица.’ Му рече: ‘Земи си ја признаницата и напиши - осумдесет!’

8. И господарот го пофали неправедниот настојник, зашто постапи мудро; зашто синовите на овој свет, според својот род, се помудри од синовите на светлината.

9. И Јас ви велам: спечалете си пријатели со неправедно богатство, за да ве примат во вечни живеалишта, кога ќе приврши.

10. Кој е верен во најмалото - верен е и во многу; а несправедливиот во најмалото, несправедлив е и во многу.

11. И така, ако не бевте верни во несправедливото богатство, кој ќе ви го довери вистинското?

12. И ако не бевте верни во туѓото, кој ќе ви го даде она што е ваше?

Прочитајте целосна глава Лука 16