поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22
  23. 23
  24. 24

Стар Завет

Нов Завет

Лука 16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. А на Своите ученици им зборуваше: „Беше еден богат човек, кој имаше настојник, кого го наклеветија пред него дека му го растура имотот.

2. И тој го повика и му рече: ‘Што слушам за тебе? Дај сметка за твоето управување! Не можеш веќе да бидеш настојник!’

3. А настојникот си рече во себеси: ‘Што да правам, зашто господарот ми го одзеде настојништвото? Да копам? Не можам! Да просам? Се срамам!

4. Знам што да направам, за да ме примат во своите домови, кога ќе бидам отстранет од управувањето.’

5. И ги повика должниците на својот господар - секого поодделно - и му рече на првиот: ‘Колку му должиш на мојот господар?’

6. А тој рече: ‘Сто мери масло.’ Му рече: ‘Земи си ја признаницата, седни веднаш и напиши - педесет!’

7. Потоа му рече на другиот: ‘А ти, колку должиш?’ Тој рече: ‘Сто мери пченица.’ Му рече: ‘Земи си ја признаницата и напиши - осумдесет!’

8. И господарот го пофали неправедниот настојник, зашто постапи мудро; зашто синовите на овој свет, според својот род, се помудри од синовите на светлината.

9. И Јас ви велам: спечалете си пријатели со неправедно богатство, за да ве примат во вечни живеалишта, кога ќе приврши.

10. Кој е верен во најмалото - верен е и во многу; а несправедливиот во најмалото, несправедлив е и во многу.

11. И така, ако не бевте верни во несправедливото богатство, кој ќе ви го довери вистинското?

12. И ако не бевте верни во туѓото, кој ќе ви го даде она што е ваше?

13. Ниеден слуга не може да им служи на два господара; зашто, или едниот ќе го мрази, а другиот ќе го љуби; или ќе се приврзе кон едниот, а другиот ќе го презира. Не можете да Му служите на Бога и на мамона!”

14. А сето тоа го слушаа фарисеите, кои беа среброљупци и Му се потсмеваа.

15. И им рече: „Вие се претставувате за праведни пред луѓето, но Бог ги знае вашите срца; зашто она што меѓу луѓето се смета за високо, пред Бога е гнасно.”

16. ”Законот и Пророците беа до Јована. Оттогаш се проповеда Евангелието за Божјото Царство, и секој насила влегува во него.

17. Полесно е небото и земјата да поминат, отколку да пропадне една цртичка од Законот.

18. Секој кој ја остава својата жена и се жени со друга, прави прељуба; и кој се жени со оставена - прељубодејствува.”

19. ”А беше еден богат човек, кој се облекуваше во црвено сукно и во ленено платно и се веселеше сјајно секој ден.

20. А еден сиромав, по име Лазар, целиот со чирови, лежеше пред неговата врата

21. и сакаше да се насити со она, што паѓаше од столот на богатиот. И кучињата доаѓаа и му ги лижеа раните.

22. И сиромавиот умре, и ангелите го однесоа во Авраамовото крило;

23. умре и богатиот и го погребаа. А во пеколот, во маката, ги поткрена своите очи и го виде оддалеку Авраама и Лазара во неговото крило,

24. и извика: ‘Татко, Аврааме, смили ми се и испрати го Лазара да го накваси врвот на својот прст во вода, за да ми го разлади јазикот, зашто се измачувам многу во овој пламен!’

25. Авраам му рече: ‘Синко, сети се дека ти ги прими своите блага додека беше жив, а Лазар - злото! Сега тој се утешува тука, а ти се измачуваш.

26. Освен тоа, меѓу нас и вас поставена е голема бездна, така што ни оние кои би сакале да преминат оттука при вас - не можат; ниту пак да преминат оттаму при нас.’

27. А тој рече: ‘Тогаш, те молам, татко, испрати го во куќата на татка ми;

28. зашто имам петмина браќа, нека им посведочи, за да не дојдат и тие во ова место на маки!’

29. А Авраам рече: ‘Ги имаат Мојсеја и Пророците, нека ги слушаат нив!’

30. Тој пак рече: ‘Не, татко, Аврааме! Но ако некој од мртвите отиде при нив, ќе се покајат.’

31. Му рече: ‘Ако не ги слушаат Мојсеја и Пророците, нема да ги придобие ни оној, кој воскреснал од мртвите.’”