Стар Завет

Нов Завет

Јован 10:17-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. Таткото Ме љуби затоа, што Јас го давам Својот живот, за да го земам пак.

18. Никој не Ми го одзема, туку Јас го давам Сам од Себе. Имам власт да го дадам, и имам власт да го земам пак. Оваа заповед ја примив од Мојот Татко.”

19. Заради тие зборови пак настана раздор меѓу Јудејците.

20. Мнозина од нив велеа: „Опфатен е од демон и безумствува, зошто Го слушате?”

21. Други велеа: „Тоа не се зборови на опфатен од демон. Може ли демон да отвора очи на слепци?”

22. Тогаш во Ерусалим се празнуваше Посветување; беше зима.

Прочитајте целосна глава Јован 10