Стар Завет

Нов Завет

Јаков 1:5-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. Ако некому од вас му недостига мудрост, нека ја моли од Бога, Кој им дава на сите изобилно и без укор - и ќе му се даде.

6. Но да моли со вера, без никакво сомнение; зашто оној кој се сомнева е сличен на морскиот бран кого ветерот го издига и го тера.

7. Таквиот човек да не мисли, дека ќе прими нешто од Господа.

8. Човекот со разделена душа е непостојан во сите свои патишта.

9. Бедниот брат да се фали во својата возвишеност,

10. а богатиот во својата понизност, зашто ќе помине како цветот на тревата.

11. Зашто сонцето изгреа со жега и ја осуши тревата, па нејзиниот цвет отпадна и исчезна убавината на нејзиниот изглед. Така и богатиот ќе овене во своите патишта.

12. Блажен е човекот, кој поднесува искушение, зашто кога ќе биде испитан, ќе прими венец на живот, што Бог им го ветил на оние, кои Го љубат.

Прочитајте целосна глава Јаков 1