Стар Завет

Нов Завет

Галатите 3:10-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Имено, кои ги прават делата на Законот, под клетва се, зашто е пишано: „Проклет да е секој, кој не е постојан во сè што е напишано во Книгата на Законот, да го исполнува тоа.”

11. А дека никој не е оправдан пред Бога преку Законот, јасно е, зашто „праведникот ќе живее од верата.”

12. А Законот не е од верата, туку вели: „Кој ги исполнува, ќе живее преку нив.”

13. Христос нè откупи од проклетството на Законот, откако стана проклетство за нас, зашто е пишано: „Проклет да е секој, кој виси на дрво!” -

14. Та Авраамовиот благослов да дојде на народите во Христа Исуса, и да Го примиме преку верата ветувањето на Духот.

15. Браќа, зборувам по човечки: заветот што човек го потврдил, никој не го отфрла, ниту му додава нешто.

16. А ветувањата им беа дадени на Авраама и на неговото семе. И не вели: „и на семињата”, како за мнозина; туку како за еден: „и на твоето Семе” Кој е Христос.

Прочитајте целосна глава Галатите 3