Стар Завет

Нов Завет

Галатите 1:5-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. Кому е слава во сите векови. Амин!

6. Се чудам дека така брзо се одвратувате од Оној, Кој ве повика во Христовата благодат, и преминувате кон друго евангелие,

7. кое не е друго, само има некои, кои ве збунуваат и сакаат да го изопачат Христовото Евангелие.

8. Но ако и ние, или ангел од небото, ви проповеда друго евангелие, различно од она што ви го проповедавме, да биде проклет!

9. Како што рековме порано и сега пак велам: ако некој ви проповеда евангелие, што се разликува од она што го примивте, да биде проклет!

10. Дали јас сега ги уверувам луѓето или Бога? Или настојувам да им угодам на луѓето? Ако уште би им угодувал на луѓето, немаше да бидам Христов служител.

11. Зашто, ве известувам, браќа, дека Евангелието кое го проповедав не е човечко,

12. бидејќи ниту јас го примив од човек ниту го научив, туку преку откровението на Исуса Христа.

13. Вие секако сте чуле за моето некогашно живеење во јудејството: како прекумерно ја гонев Божјата црква и ја запустував.

14. и во јудејството надминав многу свои врсници во својот народ, вдахновен од преголемата ревност за преданијата на своите прататковци.

15. А кога Му беше по волја на Оној, Кој ме оддели од утробата на мојата мајка и ме призва преку Својата благодат,

16. да Го открие во мене Својот Син, за да Го проповедам меѓу народите, не се посоветував веднаш со тело и крв,

17. ниту отидов горе во Ерусалим кај оние, кои пред мене беа апостоли, туку отидов понатаму во Арабија и пак се вратив во Дамаск.

18. А на три години потоа отидов горе во Ерусалим, за да го видам Петар, и останав при него петнаесет дена.

Прочитајте целосна глава Галатите 1