Стар Завет

Нов Завет

Галатите 1:12-24 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. бидејќи ниту јас го примив од човек ниту го научив, туку преку откровението на Исуса Христа.

13. Вие секако сте чуле за моето некогашно живеење во јудејството: како прекумерно ја гонев Божјата црква и ја запустував.

14. и во јудејството надминав многу свои врсници во својот народ, вдахновен од преголемата ревност за преданијата на своите прататковци.

15. А кога Му беше по волја на Оној, Кој ме оддели од утробата на мојата мајка и ме призва преку Својата благодат,

16. да Го открие во мене Својот Син, за да Го проповедам меѓу народите, не се посоветував веднаш со тело и крв,

17. ниту отидов горе во Ерусалим кај оние, кои пред мене беа апостоли, туку отидов понатаму во Арабија и пак се вратив во Дамаск.

18. А на три години потоа отидов горе во Ерусалим, за да го видам Петар, и останав при него петнаесет дена.

19. А некој друг од апостолите не видов, освен Јаков, братот Господов.

20. А пак што ви пишувам, еве пред Бога велам дека не лажам.

21. Потоа дојдов во краиштата на Сирија и Киликија.

22. А на црквите во Јудеја кои се во Христа, лично им бев уште непознат,

23. тие беа само слушале: „Оној, кој некогаш нè гонеше, сега ја проповеда верата, која некогаш ја разурнуваше.”

24. И го славеа Бога во мене.

Прочитајте целосна глава Галатите 1