Стар Завет

Нов Завет

Евреите 11:3-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. Преку вера разбираме дека вековите се создадени со Божјото слово, така што видливото произлегло од невидливото.

4. Преку вера Авел Му принесе на Бога жртва подобра од Каиновата; преку неа прими сведоштво дека е праведен, зашто Бог посведочи за неговите дарови; и преку вера тој уште зборува, иако е умрен.

5. Преку вера Енох беше пренесен така, да не ја види смртта, и веќе не се најде, зашто Бог го зеде; зашто, пред неговото земање, тој доби сведоштво дека Му угодил на Бога.

6. А без вера не е можно да Му се угоди, зашто кој Му пристапува на Бога треба да верува дека има Бог и дека ги наградува оние кои Го бараат.

7. Преку вера Ное беше известен за она што уште не се гледаше, поттикнат од стравопочитување, приготви ковчег за спасение на својот дом; со неа го осуди светот и стана наследник на праведноста, која е според вера.

8. Преку вера Авраам послуша, кога беше повикан да излезе на местото што требаше да го прими во наследство, и излезе не знаејќи каде оди.

9. Преку вера се насели во земјата на ветувањето, како во туѓа и се настани во шаторите заедно со Исака и Јакова, сонаследници на истото ветување,

10. зашто бараше град со основи, кому Бог му е Градител и Творец.

11. Преку вера и самата Сара доби сила да зачне, во напредната возраст откако Го сметаше за верен Оној, Кој и беше ветил.

12. Затоа од еден и тоа речиси мртов, се намножи многу народ „како небесните ѕвезди и како песокта на морскиот брег, што не може да се изброи.”

13. Сите овие умреа во вера, не добивајќи ги ветувањата, туку само оддалеку ги видоа и ги поздравија, и исповедаа дека се туѓинци и придојденици на земјата.

14. Зашто, кои зборуваат така, покажуваат дека ја бараат родината.

15. И ако при тоа мислеле на онаа, од која излегле, имаа време да се вратат;

16. но сега, копнеат по подобра, односно по небесната. Затоа Бог не се срами од нив, да се нарече нивни Бог, зашто им приготвил град.

Прочитајте целосна глава Евреите 11