Стар Завет

Нов Завет

Ефешаните 3:10-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. та многуразличната Божја мудрост да им се соопшти сега преку Црквата на началствата и на властите во небесните места,

11. според вечната намера, која ја оствари во Христа Исуса, нашиот Господ,

12. во Кого имаме смелост и пристап кон Бога, полни со доверба - преку верата во Него.

13. Затоа ве молам да не се обесхрабрувате заради моите неволји, што ме снајдоа заради вас; тие се ваша слава.

14. Заради тоа ги преклонувам своите колена пред Таткото на нашиот Господ Исус Христос,

15. од Кого секој род на небесата и на земјата добива име;

16. да ви даде, според богатството на Својата слава - да зајакнете со сила преку Неговиот Дух во внатрешниот човек,

17. та преку вера да се всели Христос во вашите срца; да бидете вкоренети и засновани во љубовта:

18. за да можете да сфатите со сите свети, што е ширина и должина, и височина и длабочина,

19. и да ја познаете Христовата љубов, која го надминува знаењето; за да се исполните во целата Божја полнота.

Прочитајте целосна глава Ефешаните 3