Стар Завет

Нов Завет

Дела Ап. 22:13-27 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. дојде при мене, ми се доближи и рече: ‘Брате Савле, прогледај!’ И јас во истиот миг погледав во него.

14. А тој рече: ‘Бог на нашите татковци однапред те определил да ја познаеш Неговата волја и да Го видиш Праведникот и да го чуеш гласот од Неговата уста,

15. зашто ќе Му бидеш сведок пред сите луѓе за она што си видел и чул.

16. И што се двоумиш сега? Стани, крсти се и измиј се од своите гревови, повикувајќи го името на Господа.’

17. Кога пак се вратив во Ерусалим и се молев во Храмот, се занесов

18. и Го видов како ми вели: ‘Побрзај и излези бргу од Ерусалим, зашто нема да го примат твоето сведоштво за Мене!’

19. А јас реков: ‘Господи, тие знаат дека јас ги затворав и ги биев по синагогите оние, кои веруваа во Тебе;

20. и кога се пролеваше крвта на Твојот сведок Стефан, и јас стоев таму; одобрував и ги чував облеките на оние, кои го убиваа.’

21. И ми рече: ‘Оди, зашто ќе те испратам далеку, меѓу народите!’

22. Го слушаа до тој збор, а тогаш извикаа со силен глас: „Премавни го од земјата таквиот, зашто не треба да живее!”

23. Додека тие викаа така, ги мавтаа своите облеки и фрлаа прав во воздухот;

24. заповедникот нареди да го одведат во тврдината, велејќи да го испитаат со биење, за да узнае зошто викаат така против него.

25. А кога го опкружија и врзаа со ремени, Павле му рече на стотникот кој стоеше таму: „Зар смеете да бичувате римски граѓанин, и тоа неосуден?”

26. Кога стотникот го чу тоа, отиде и го извести заповедникот, велејќи: „Што сакаш да правиш? Човеков е римски граѓанин!”

27. Тогаш заповедникот дојде при него и му рече: „Кажи ми, римски граѓанец ли си ти?” А тој рече: „Да!”

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 22