Стар Завет

Нов Завет

Дела Ап. 22:10-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Тогаш реков: ‘Што да правам, Господи?’ А Господ ми рече: ‘Стани и оди во Дамаск и таму ќе ти се каже сè што ти е определено да правиш!’

11. И бидејќи не можев да гледам од блескотот на светлината, моите другари ме поведоа за рака и така дојдовме во Дамаск.”

12. „А некој Ананиј, благочестив маж според Законот, за кого сведочеа добро сите тамошни Јудејци,

13. дојде при мене, ми се доближи и рече: ‘Брате Савле, прогледај!’ И јас во истиот миг погледав во него.

14. А тој рече: ‘Бог на нашите татковци однапред те определил да ја познаеш Неговата волја и да Го видиш Праведникот и да го чуеш гласот од Неговата уста,

15. зашто ќе Му бидеш сведок пред сите луѓе за она што си видел и чул.

16. И што се двоумиш сега? Стани, крсти се и измиј се од своите гревови, повикувајќи го името на Господа.’

17. Кога пак се вратив во Ерусалим и се молев во Храмот, се занесов

18. и Го видов како ми вели: ‘Побрзај и излези бргу од Ерусалим, зашто нема да го примат твоето сведоштво за Мене!’

19. А јас реков: ‘Господи, тие знаат дека јас ги затворав и ги биев по синагогите оние, кои веруваа во Тебе;

20. и кога се пролеваше крвта на Твојот сведок Стефан, и јас стоев таму; одобрував и ги чував облеките на оние, кои го убиваа.’

21. И ми рече: ‘Оди, зашто ќе те испратам далеку, меѓу народите!’

22. Го слушаа до тој збор, а тогаш извикаа со силен глас: „Премавни го од земјата таквиот, зашто не треба да живее!”

23. Додека тие викаа така, ги мавтаа своите облеки и фрлаа прав во воздухот;

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 22