Стар Завет

Нов Завет

3 Јован 1:9-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. пишав нешто на црквата, но Диотреф, кој сака да биде прв меѓу нив, не нè прими нас.

10. Затоа ако дојдам таму, ќе потсетам за неговите дела, што ги врши, напаѓајќи нè со лоши зборови, и не се задоволува со тоа, туку сам не ги прима браќата, а на оние кои сакаат да ги примат, им забранува и ги гони од црквата.

11. Возљубен мој, не угледувај се на злото, туку на доброто. Кој прави добро од Бога е; кој прави зло, не Го видел Бога.

12. За Димитрија имаше сведоштво од сите - и од самата вистина. А и ние сведочиме; а знаеш дека нашето сведоштво е вистинско.

Прочитајте целосна глава 3 Јован 1