поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3

Стар Завет

Нов Завет

2 Солунците 3 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Најпосле, браќа, молете се за нас, та Господовото слово да трча и да се прославува како и при вас,

2. и ние да се ослободиме од расипани и зли луѓе, зашто сите немаат вера.

3. Но верен е Господ, Кој ќе ве утврди и ќе ве запази од лукавиот.

4. Уверени сме во Господа, за вас, дека го правите и дека ќе го правите она што ви го заповедаме.

5. А Господ да ги управи вашите срца кон Божјата љубов и кон Христовото трпение!

6. А вам ви наложуваме, браќа, во името на нашиот Господ Исус Христос, да се двоите од секој брат, кој води неуреден живот, а не по преданието, што го примивте од нас.

7. Навистина, сами знаете како треба да се угледате на нас, зашто ние не се владеевме неуредно меѓу вас,

8. ниту јадевме дарум нечиј леб, туку работевме во труд и напор, ноќе и дење, за да не му бидеме на терет некому од вас.

9. Не затоа што немавме право на тоа, туку за да бидеме самите себе за пример за да нè подражавате.

10. Зашто и кога бевме со вас, ви го заповедавме ова: ако некој не сака да работи, нека и не јаде!

11. Имено, слушаме дека некои меѓу вас живеат неуредно, ништо не работат, туку се занимаваат со празни работи.

12. На таквите им заповедаме и ги опоменуваме во Господа Исуса Христа да работат мирно и да го јадат својот леб.

13. А на вас, браќа, да не ви се досади да правите добро!

14. Ако пак некој не го послуша нашето слово преку посланието, означете го и не се мешајте со него, за да се засрами.

15. Но не го сметајте за непријател, туку предупредувајте го како брат.

16. А Самиот Господ на мирот да ви даде мир секогаш и на секаков начин. Господ да биде со сите вас!

17. Поздрав со мојата рака, Павлова: тоа е белег во секое послание, пишувам така:

18. Благодатта на нашиот Господ Исус Христос да биде со сите вас.