Стар Завет

Нов Завет

2 Солунците 1:4-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. така што ние сами се фалиме со вас меѓу Божјите цркви заради вашето трпение и верата во сите ваши гонења и маки, што ги поднесувате.

5. Тоа е знак на праведниот Божји суд, за да се сметате достојни за Божјото Царство, за кое и страдате.

6. Зашто е праведно пред Бога: да им врати мака на оние кои ве измачуваат,

7. а вам, на измачуваните, олеснување заедно со нас, кога ќе се јави Господ Исус од небото, со ангелите на Својата сила,

8. во пламенен оган, за да даде одмазда на оние кои не Го познаваат Бога и кои не му се послушни на Евангелието на нашиот Господ Исус Христос;

9. кои ќе бидат казнети со вечна пропаст далеку од лицето на Господа и од славата на Неговата сила,

10. кога ќе дојде, во оној Ден, да се прослави во Своите свети и да Му се восхитуваат сите верни, зашто вие му поверувавте на нашето сведоштво.

Прочитајте целосна глава 2 Солунците 1