Стар Завет

Нов Завет

2 Петар 2:8-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. - зашто овој праведник, живеејќи меѓу нив, ја измачуваше одденнаден својата праведна душа, гледајќи ги и слушајќи ги нивните беззаконски дела, -

9. тоа значи дека Господ знае како да ги избави побожните од искушенија, а неправедните да ги запази за казнување до денот на судот;

10. а особено оние, кои одат по нечистите похоти на телото и го презираат господството. Како дрски и своеволни луѓе тие не се плашат да ги хулат величествата,

11. додека ангелите, кои се поголеми по сила и снага, не изговараат хулна осуда против нив пред Господа.

12. А овие, како неразумни животни, кои се по природа определени да бидат ловени и истребувани, хулат на она што не го знаат, и самите ќе загинат во својот разврат,

13. добивајќи казна за неправдата. Тие го сметаат развратниот живот дење за своја наслада, валкани и срамни се тие, кои се честат со своите измами кога се гостат со вас.

14. Нивните очи се полни со прељуба и не се одречуваат од гревот; тие ги заведуваат неутврдените души: имаат срце научено на лакомство; тие се деца на проклетството.

15. Го оставија вистинскиотпат и заблудија, и тргнаа по патот на Валаама, синот Восоров, којпосака неправедна плата,

16. но прими укор за своето беззаконие: нема ослица проговори со човечки глас и го спречи пророковотобезумство.

17. Тоа се безводни извори и облаци, што ги тера виорот; за кои се пази темен мрак засекогаш.

18. Зашто со тоа што зборуваат високозвучни и суетни зборови ги мамат преку телесните страсни желби и преку разузданост оние, кои што туку избегале од оние кои живеат во заблуда;

19. им ветуваат слобода, а самите и робуваат на расипаноста, зашто од што е некој победен, на тоа и му робува.

Прочитајте целосна глава 2 Петар 2