Стар Завет

Нов Завет

2 Петар 2:17-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. Тоа се безводни извори и облаци, што ги тера виорот; за кои се пази темен мрак засекогаш.

18. Зашто со тоа што зборуваат високозвучни и суетни зборови ги мамат преку телесните страсни желби и преку разузданост оние, кои што туку избегале од оние кои живеат во заблуда;

19. им ветуваат слобода, а самите и робуваат на расипаноста, зашто од што е некој победен, на тоа и му робува.

20. Зашто ако оние кои со вистинското познавање на Господа, Спасителот Исуса Христа и избегаа на светската расипаност и пак се заплеткуваат во неа, и ако таа ги победи, тогаш последново им станува полошо од првото.

21. Имено, за нив би било подобро да не го познаваа патот на правдата, отколку, откако го познаа, да се одвратат од светата заповед, која им е предадена.

22. Ним им се случува она што вели вистинската поговорка: „Песот се враќа на својата блувотина,” и „Искапената свиња се враќа да се валка во калта.”

Прочитајте целосна глава 2 Петар 2