Стар Завет

Нов Завет

2 Коринќаните 7:2-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. Дајте ни место во своите срца! Никому не му направивме неправда, никого не упропастивме, никого не искористивме.

3. Не ви го велам ова за да ве осудам, зашто, реков пред малку, дека сте во нашите срца, за да умреме и за да живееме заедно.

4. Имам голема доверба во вас, и многу се фалам со вас; исполнет сум со утеха; преизобилувам со радост, во сите наши неволји.

5. Зашто, од кога дојдовме во Македонија, нашето тело немаше мир; туку отсекаде бевме во неволја; однадвор борби, внатре страв.

6. Но, Бог, Кој ги утешува потиштените, нè утеши со доаѓањето на Тит;

7. и не само со неговото доаѓање, туку и со утехата, со која тој се утеши заради вас, известувајќи нè за вашиот копнеж, за вашиот плач, за вашата ревност за мене, така што се зарадував уште повеќе.

8. Зашто, ако ве и нажалив со ова писмо, не се кајам. Па ако сум се и покајал, навистина гледам дека посланието ве натажи, ако и за малку, -

9. сега се радувам; не заради тоа што се нажаливте, но дека се нажаливте за покајание; зашто се нажаливте по Бога, така, за да не бидете оштетени од нас во што и да е.

10. Зашто, жалоста по Бога донесува покајание за спасение - за кое не се кае, а жалоста на светов донесува смрт.

Прочитајте целосна глава 2 Коринќаните 7