поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13

Стар Завет

Нов Завет

2 Коринќаните 7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. И така, возљубени, имајќи ги овие ветувања, да се очистиме од секоја духовна и телесна нечистота, довршувајќи ја својата светост во страв пред Бога.

2. Дајте ни место во своите срца! Никому не му направивме неправда, никого не упропастивме, никого не искористивме.

3. Не ви го велам ова за да ве осудам, зашто, реков пред малку, дека сте во нашите срца, за да умреме и за да живееме заедно.

4. Имам голема доверба во вас, и многу се фалам со вас; исполнет сум со утеха; преизобилувам со радост, во сите наши неволји.

5. Зашто, од кога дојдовме во Македонија, нашето тело немаше мир; туку отсекаде бевме во неволја; однадвор борби, внатре страв.

6. Но, Бог, Кој ги утешува потиштените, нè утеши со доаѓањето на Тит;

7. и не само со неговото доаѓање, туку и со утехата, со која тој се утеши заради вас, известувајќи нè за вашиот копнеж, за вашиот плач, за вашата ревност за мене, така што се зарадував уште повеќе.

8. Зашто, ако ве и нажалив со ова писмо, не се кајам. Па ако сум се и покајал, навистина гледам дека посланието ве натажи, ако и за малку, -

9. сега се радувам; не заради тоа што се нажаливте, но дека се нажаливте за покајание; зашто се нажаливте по Бога, така, за да не бидете оштетени од нас во што и да е.

10. Зашто, жалоста по Бога донесува покајание за спасение - за кое не се кае, а жалоста на светов донесува смрт.

11. Зашто, ете, тоа што се нажаливте по Бога, ви создаде вам не само голема сериозност, туку и одбрана, и негодување, и страв, и копнеж, и ревност и казнување. Покажавте во сè дека сте чисти во тоа дело.

12. Така, ако ви и пишав, не го напишав тоа заради навредувачот, ни заради навредениот, туку за да се покаже при вас, пред Бога, вашата ревносна грижа за нас.

13. Затоа се утешивте. Но покрај оваа наша утеха, многу повеќе се зарадувавме заради радоста на Тит, зашто сите вие го освеживте неговиот дух.

14. Ако му се пофалив со нешто за вас, не се посрамив, туку како што ви зборувавме сè во вистина; така и нашето фалење пред Тит се покажа вистина.

15. А неговото срце уште повеќе чувствува за вас, кога ќе се сети за послушноста на сите вас: како го примивте со страв и трепет.

16. Се радувам што можам во сè да се надевам на вас.