Стар Завет

Нов Завет

2 Коринќаните 13:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Ова е по третпат како доаѓам при вас. „Од устата на двајца или тројца сведоци ќе биде потврдена секоја работа.”

2. Порано реков и сега им зборувам однапред, како кога бев по вторпат; но сега во отсуство, на оние кои грешеле порано, и на сите други, дека нема да ги штедам кога ќе дојдам пак,

3. зашто вие барате доказ дали зборува во мене Христос, Кој не е слаб кон вас, туку е силен меѓу вас.

4. Зашто Тој беше распнат по слабост, но живее од Божјата сила. И ние исто сме слаби во Него, но ќе живееме со Него од Божјата сила, меѓу вас.

5. Испитајте се сами себе: дали сте во верата, проверете се сами себе! Или не се познавате себеси, дека е Христос во вас? Инаку не сте потврдени.

Прочитајте целосна глава 2 Коринќаните 13